Пронајдете најдобра вредност и избор за вашата зебра завеса

Зебра нијансите се многу модерна алтернатива кои што можат да се постават да нудат приватност, контрола на светлината и изолација.


Зебра Завеси

НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ЗЕБРА ЗАВЕСИТЕ:

Зебра завесите претставуваат двослојни наизменични полу-непроѕирни и чисто плетени ткаени крила, кои обезбедуваат визуелна елеганција за самите прозори и истите ги имате во избор на повеќе платна и бои, како зебра завеси со штампа – апликација, плиссе 3Д и.т.н

Модерни завеси за ултра модерни домови – Зебра Завеси или Ден / Ноќ Завеси.

Платното што се користи за изработка на овој тип завеси е направено со два дела: провиден дел- мрежа и непровиден дел – полиестер. Ова платно е произведно со напредна технологија на ткаење и има висок квалитет.

Зебра завесите имаат двојна функција, првата е пропуштање на светлина, а другата функција на оваа завеса е да затемнува. Секако нејзината декоративна улога е уникатна и незаменлива.

Оваа завеса функционира така што ротира во правец горе – долу, па така таа се отвора или затвора т.е. станува провидна или не провидна.

Денес во Македонија се користат само рачно изработени зебра завеси кај кој веднаш по самата монтажа се забележуваат искривувања и нерамни површини како и оштетени платна кои се сечат рачно.....сега за прв пат и единствено преку нас добивате производ од увозна програма кој е изработен по автоматизиран и компјутерски пат кај кој ги нема ваквите деформитети и тоа по цени пристапни за секого.